Играчка „Библиотекарка“ се бори против цензурата и незнаењето

„Библиотекарката“ е висока само 9,5 сантиментри, но нејзината супермоќ е писменоста и е решена да се бори против денешната цензура и незнаењето! Таа има наметка што може да се извади, поседува големо знаење, и знае да ви каже која книга следна да ја прочитате. „Библиотекарката“ е вистинска хероина!

Вака американската компанија „Арчи Мекфи“ ја промовира подобрена верзија на акционата фигура инспирирана од библиотекарката и писателка, Ненси Перл.

На играчката може да притисните копче, па фигурата со наметка ќе почне да кажува реплики од романите на Ненси. Кажува и кратка историја на литературата.

Поради големата популарност, компанијата направи и „делукс-издание“, а деновиве ја вратија „Библиотекарката“ во облик на суперхерој.

Инаку, првата верзија на акционата фигура на „Библиотекарка“ (Librarian) излезе во Сиетл во 1983 година, а во 2003 година се најде во продажба и се распродаде во 28 илјади примероци за само една недела.