Игор Стевковски: Кога ќе го убиете духот на народот, настанува апатијата

„Со карикатурата и стрипот имате малку поголема слобода од колегите новинари, слобода за автентичен увид и приказ на политичките случувања“, се обрати илустраторот во неделникот „Фокус“ Игор Стевковски-Стевац пред публиката на денешната четврта по ред конференција за друштвен активизам ENGAGE.

Според Стевковски, стрипот и сатирата се луцидно оружје во борбата за демократијата.

„Работиме под постојана компресија на власта која смета дека може да ги поседува нашите мисли, која сака да напави зомби општество и сведоци сме дека делумно успева во тоа. Кога ќе го убиете духот на народот тоа е поразително., тогаш настанува апатијата“, рече Стевковски.

Според него, најинтригантна личност која била прикажана во вид на илутсрација бил починатиот претстедател Борис Трајковски. На крај, своето обраќање го заврши со зборовите на починатиот новинар Никола Младенов.

„Ние сакаме општество на слободни луѓе, кое нуди еднакви шанси за сите, тие сакаат збирштина од безрбетници, кои успеваат благодарение на слепата послушност на партиското племе. И тука – нема компромис“.

Неговиот говор од конференцијата е достапен на овој линк. Во меѓувреме, продолжува четвртото издание на ENGAGE.