Игор Иванов – Изи е „Уредник со причина“ во Кинотека на Македонија

Режисерот Игор Иванов – Изи ќе биде „Уредник со причина“ за месец април, во филмскиот циклус што Кинотека на Македонија го започна оваа година.

Преку „Уредник со причина“ се прикажуваат филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор беше гитарската легенда Влатко Стефановски, а по него беше и музичарот Васко Атанасовски.

Режисерот Иванов – Изи одбра три филмови за прикажување и дискусија и тоа: „Соништата што се купуваат со пари“ во режија на Ханс Рихтер, потоа „Бери Линдон“ на Стенли Кјубрик и „Убавицата на денот“ во режија на Луис Буњуел.

Филмовите ќе се прикажуваат по горенаведениот редослед на 1-ви, 2-ри и 3-ти април. Првите два со почеток во 20 часот, а последниот во 21:30 часот.