И Општина Карпош ќе субвенционира купување велосипеди

Општина Карпош ќе биде третата локална самоуправа во земјава што од наредната година ќе го субвенционира купувањето велосипеди од граѓаните.

Од 2018 година во општинскиот буџет ќе бидат предвидени средства за поврат на дел од вложените средства на граѓаните за купување нов велосипед. Целта е да се омасови користењето на ова превозно средство од страна на граѓаните.

„Мора да започнеме да ги менуваме навиките. Со користење на велосипедот ќе влијаеме и врз намалување на загадувањето, знаејќи дека автомобилите се едни од најголемите загадувачи во Скопје“ изјави градоначалникот Богоев.

Прва општина што го воведе ова е Општина Центар пред четири години, а годинава на ваквиот проект се приклучи и Град Скопје.