И Моби ја одби поканата на Трамп: Би настапил на инаугурацијата само ако ги објави даночните пријави

Новиот американски претседател Доналд Трамп има потешкотии да најде музичари кои ќе настапат на неговата инугурација која треба да се одржи идната недела. Голем број на музичари ја одбија неговата покана да пејат и свират на оваа свечена церемонија, а најнов во листата кои нема да го почестат Трамп со својата музика е Моби.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија со пораката:

„Хахаха, само што бев прашан од агент дали би сакал да настапувам на еден од инаугурациските балови за Трамп… Чекај, навистина? Претпоставувам дека би бил диџеј на инаугурацискиот бал ако наместо хонорар, Трамп ги објави даночните пријави. Исто така, најверојатно би пуштал ремикси од „Паблик Енеми“ и Штокхаузен за да ги забавувам Републиканците. Па, Трамп, што велите, јас да бидам диџеј, а вие да ги објавите даночните пријави“?

Сепак, оваа реакција не е изненадување за Моби, бидејќи тој отворено беше против кандитатурата на Трамп, од самиот почеток. Тој за него постојано пишување на социјалните мрежи дека е човек кој уништил бизниси, сексуално напаѓал жени и шири расизам и омраза во својот говор.

Претходно, Трамп беше одбиен и од Селин Дион, Лејди Гага, Џон Бон Џови, Џенифер Лопез, Брус Спрингстин, Бијонсе, Елтон Џон, групата Кис, Андреа Ботичели, Кејти Пери.