И без да се избере Влада, МОН ги објави резултатите за студентските стипендии

Министерството за образование и наука на својата официјална веб-страница ги објави резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии за учебната 2016/2017 година. Надлежните претходно добија негативни реакции од дел од студентите, кои на социјалните мрежи се пожалија поради доцнењето на резултатите.

Тие се објавени една недела откако МОН преку соопштение рече дека постои законска пречка за објавување на конкурсните резултати до завршување на изборниот процес, односно до изборот на пратениците во Собранието и изборот на новата Влада на Република Македонија. Тие тогаш информираа дека резултатите ќе бидат објавени откако ќе добијат позитивно мислење од соодветната институција, Државната комисија за спречување корупција.

На следниот линк студентите може да проверат дали нивното име е во листата со кандидати-добитници на стипендијата. Оние кои добиле  потребно е да пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на име на студентот, почнувајќи од 30 јануари 2017 година, а заклучно со 17 февруари 2017 година да ги достават директно до Министерството за образование и наука (пулт за прием на документи), или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „Договор за студентска стипендија”. Договорите може да се преземат на следните линкови:

Договор за стипендија од прва група

Договор за стипендија од втора група

Договор за стипендија од трета група

Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по информатика

Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по хемија

Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по физика

Договор за стипендија за студенти запишани на студиски програми по математика

Сите дополнителни информации можат да се обезбедат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147.