Хуманитарна работилница „Од дете за дете“

Училиштето за странски јазици ЛИОН подготвува хуманитарна работилница на тема „Од дете за дете“.

Работилницата ќе се одржи во просториите на училиштето ЛИОН во Аеродром, во петок (15 декември) во 18 часот. За време на работилницата ќе се изработуваат украси кои ќе бидат наменети за Заводот за рехабилитација на деца и младинци.

Исто така, во период од 15 дена, почнувајќи од први до 15 декември, во просториите на двете училишта ЛИОН – во Аеродром и во Ново Лисиче – ќе се собираат хигиенски средства и облека за возраст од 6 до 18 години за потребите на штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.