Хуманитарна продажна изложба во НЛБ Галерија за здружението „Животна искра“

Утре во 20 часот, во НЛБ Галеријата ќе биде отворена хуманитарна продажна изложба на дела од повеќе реномирани македонски автори.

Организатори на изложбата се Анти-канцер здружението „Животна искра“ и семејството Апостолови. Сите средства собрани во кутиите за донации и од продажбата на уметничките дела ќе бидат наменети за поддршка на Анти-канцер здружението „Животна искра“.

Изложбата како и кутиите за донација ќе останат во НЛБ Галеријата се до 31 август кога ќе биде и свечено затворање.