Хуманитарна мото парада низ Скопје „Distinguished Gentleman’s Ride”

Низ улиците на Скопје денеска по втор пат ќе продефилираат околу 100 моторцикли, управувани од господа и дами во официјална гардераба како дел од  хуманитарниот настан „Distinguished Gentleman’s Ride”.

Парадата, како што информираат организаторите, ќе биде во склоп на глобалното движење поддржано од Мовембер фондацијата, со првенствена  цел подигање на свеста за превенција од рак на простата и менталното здравје кај мажите. Дополнително, цел на настанот е со парадно возење по централните градски улици да се прикажат моторциклистите во едно поинакво светло, како културни и модерни урбани ликови и со тоа да се разбијат стереотипите дека моторциклистите се секогаш оние кои се неуредни и не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Глобално се очекува настанот да го сочинуваат повеќе од 70.000 учесници, кои ќе ги управуваат своите класични и современи урбано стилизирани моторцикли. Настанот истовремено се случува во 600 градови во светот.

МИА