Хуманитарен концерт за Олгица и Иван во „Домот на млади“ – Штип

Со цел да им се помогне на двајца млади штипјани, Олгица Тодоровска и Иван Стојанов,„ Домот на млади“ – Штип организира хуманитарен концерт.

Хуманитарен концерт за Олгица и Иван во „Домот на млади“ - Штип

Концертот  ќе се одржи на 4 септември 2014 година, а почетокот е најавен во 18:00 часот. Настанот ќе започне со настап на децата од балетското студио Break the floor. На рок сцената ќе настапат Хот Лајн, Валкан Експрес, Out of Range, Роберто Поп Димитров, Дејан Тасев, Ѓорги Димитров, Томас, Ивица Јорданов, Јасмин бенд и голем број други музичари. Во музичката програма е предвидена програма со изведувачи на народна музика меѓу кои и Васил Чамов и Јулија, група Соната од Велес, Зоран Настов, група Бистри Извори и други.

Влезниците ќе се продаваат по симболична цена од 50 денари, а можат да се купат на влезот, пред самиот настан.

Иван Стојанов (24) од Штип има циста на вратот поради што има комплетен прекин на нервните патишта. Нему му се потребни 26.000 евра за операција во Кина. Таму треба да му се изврши трансплатација на матични клетки, по што младото момче пак ќе може самостојно да се движи.

Олгица Тодоровска (21) од Штип има малиген тумор и потребни се средства за негово целосно одстранување, како и посебна биолошка терапија за која треба да се соберат 5.000 евра.