Холанскиот крал 21 година тајно работел како ко-пилот на комерцијални летови

Повеќе од две децении, холандскиот крал Вилем-Александар најмалку два пати во месецот ко-пилотирал со авион. За неговото тајно работно место, патниците не знаеле, открил за холандски весник.

„Летањето за мене е едноставно фантастично“, рекол за весникот Де Телеграаф.

Планира да продолжи да работи како ко-пилот, но ќе го помине летото учејќи како да управива со Боинг 737 авион.

Владата минатиот пат објави дека кралот често летал и со владините авиони на службени патувања, освен за компанијата KLM Cityhopper.

Досега, Вилем-Александар работел зад контролната табла на Фокер авион и било познато само дека се појавувал како „гостин пилот“ пред да биде крунисан за крал, со цел да ја задржи пилотската дозвола.

Она што не било познато е дека често ко-пилотирал со авион без никој да знае, два пати во месецот, откако е крал.

Вилем-Александар изјавил дека доколку не се родел во палатата, неговиот сон ќе бил да лета со големи патнички авиони како Боинг 747. За весникот открил и дека никогаш не го користел вистинското име кога ги поздравувал патниците и дека ретко го препознавале во униформа. Сепак, признава дека некои патници го препознавале неговиот глас.