Холандскиот парламент изгласа Закон за одгледување на марихуана

Парламентот на Холандија вчера ја изгласа одлуката со која се дозволува одгледување на марихуана, со што е потврдена долгогодишната толерантна политика на државата.

Досега марихуаната технички беше илегална, но полицијата толерираше и не поднесуваше кривични пријави за поседување на помала количина.

Со одлуката се дозволува професионално одгледување на марихуана со што ќе им се овозможи на објектите (coffee shops) каде е дозволена продажба и конзумација на канабис, да имаат легален извор на снабдување.