Холандската полиција ќе решава случаи со помош на затворениците

Затворениците низ Холандија ќе добијат годишни календари за нивните ќелии, во кои има нерешени случаи на убиства и исчезнати личности, како дел од акција на полицијата да ги реши застарените случаи со помош на „криминален ум“.

Календарите со нерешени случаи ќе им бидат поделени на 30.000 затвореници во државата, откако биле тестирани во пет затвори кои придонеле за 160 нови информации за полицијата.

Секоја недела од годината, светло обоените календари за 2018-2019 ќе бидат илустрирани со фотографија на исчезната личност и детали за случајот. Полицијата се надева дека многумина од луѓето во затворите би знаеле детали за некои од криминалите, или слушнале други криминалци како зборуваат за нив.

После тестирањето, полицијата добила дојави за неколку случаи, меѓу кои и оној на Ники Верстапен, 11-годишно момче кое било убиено во летен камп близу Брунсум на југот на Холандија во август 1998 година. Никој не бил осуден, но полицијата одново го отвори случајот.

Јероен Хамер, изумителот на календарот, за холандските весници вели дека календарите се испоставиле популарни и кај затворениците на кои им е здодевно, иако некои ја гледаат иницијативата како начин да се свртат против пријателите.

„Секако дека има луѓе кои не сакаат календар и кои не сакаат да ги гледаат како поткажувач“, вели тој. „Но, нашето тестирање покажува дека речиси три-третини од затворениците мислат дека календарот е добра идеја“.

Два други случаи на календарот исто така биле одново отворени благодарение на дојавите од затвореници во затворите во Лиуварден, Зутфен, Ситард, Звааг и Шипол. Календарот е испечатен на холандски, арапски, шпански, англиски и руски, за максимално да се зголеми неговото влијание, а се нуди и награда од 800.000 евра за оние чија информација ќе резултира со успешно затворање на криминалец.

Најавувајќи го националното објавување на календарот, портпарол на полицијата изјави: „Искуството на полицијата и правосудството покажува дека затворениците имаат релативно високи нивоа на знаење за извршените кривични дела“.

На нејзината веб-страница, холандската полиција вели дека напредокот во форензичката технологија прави дојавите дури и за многу стари случаи да бидат важни. Има околу 1.500 нерешени случаи во Холандија.

„Има два значајни фактори кои играат улога во ова“, вели полицијата. „Од една страна, има напредок во форензиката, што често отвора многу повеќе можности, како ДНК. Од друга страна, сведоците играат значајна улога. Сведоците кои виделе нешто кога се случило делото, но не се осудиле да пристапат, некогаш се осудуваат да го направат тоа подоцна. Холандските истражувања покажуваат дека има и луѓе слушнале нешто за нерешен случај подоцна“.

Полицијата вели дека може да понуди анонимност во одредени случаи.

„Нема казна за задржување на информации за сторено кривично дело. Затоа, не треба да се плашите од казнување доколку не сте кажале нешто што не знаете, дури и после години на двоумење“, велат тие.

Идејата зад календарите е позајмена од Соединетите Американски Држави, каде секоја година некои држави дистрибуираат шпил карти на кои има информации за стари случаи меѓу затворениците.