Холандија: легнати семафори за пешаците кои не тргаат поглед од телефоните

Град во Холандија постави специјални тротоари со светла дизајнирани за да им помогнат на луѓето занесени во своите телефони да ја преминат улицатат безбедно.

ЛЕД лентите се вградени на тротоарите во Бодгравен, во близина на три училишта.

Властите се надеваат дека новите „семафори“ ќе им го привлечат вниманието на пешаците кои се премногу занесени од нивните паметни телефони, така што ќе погледнат во пешачкиот премин и боите од ЛЕД лентите ќе ги информираат кога може да ја поминат улицата.

„Социјалните медиуми, игрите, WhatsApp и музиката се големи одвлекување на вниманието во сообраќајот”, вели градскиот советник Кис Оскам . „Ние не можеме да го промениме овој тренд, но ние можеме да ги предвидиме проблемите”, додава тој.

Системот наречен + Lichtlijn (светлосна линија), беше развиен од локална фирма и доби критика од Холандската асоцијација на безбедноста во сообраќајот.

„Не е добра идеја да им се помогне на корисниците на мобилни телефони со тоа што ќе гледаат во нивните телефони”, изјави Хозе де Јонг, од Асоцијацијата.

„Ние не сакаме луѓето да користат мобилни телефони кога се во сообраќајот, дури и кога шетаат наоколу. Луѓето мора секогаш да гледаат околу нив, да проверуваат дали автомобилите навистина ќе запрат на црвено”, смета тој.

Асоцијацијата го обвини системот дека го „наградува лошото однесување“. Од друга страна, фирмата што ги произведува светлата планира да го прошири својот бизнис, ако се покаже дека е успешен системот.