Хитлеровите профитери: Сименс правел гасни комори, БМВ земал од Евреите

Хитлеровите профитери: Сименс правел гасни комори, БМВ земал од ЕвреитеЧесто се вели дека за да се успее во бизнисот треба да се биде суров и несовесен . Ова е особено точно за компаниите кои видоа шанса да заработат некој милион повеќе на сметка на ужасите на војната.

Нацистите, благо речено, биле „лошо друштво”, а сега малку се знае за компаниите кои се поврзани со нив и кои натрупале богатство. Меѓутоа, ако нешто може да ги „испере“ тоа е фактот дека овие гиганти подоцна платиле милионски отштети , само за да го „избалансираат“ моралот.

Кодак

Заборавете на семејните портрети со џиновски сомбрера и смешни гримаси – историјата на Кодак е многу потемна . Посебно во оној дел кој се поврзува со еден од најужасните режими на минатото. Вилхелм Кеплер бил еден од водечките нацистички економски советници , кои одлучувале како и каде да го трошат своето богатство. Него американската војска го нарекувала „Кодаковиот човекот”,  поради личните и деловни односи со оваа компанија. Кеплер исто така беше еден вид на двоен агент и го обезбедувал Кодак и неколку други помали компании од САД со информации.

На пример, кога Хитлер дојде на власт во Германија, Кеплер ги советуваше лидерите од Кодак да ги отпуштат сите еврејски работници, бидејќи на тој начин ќе профитираат. Покрај тоа, Кодаковата фабрика во Германија за време на војната користи работна сила од концентрационите логори , а исто така во тоа време произведува детонатори и друга воена опрема .

Нестле

Рака под рака со чоколадото доаѓаат и нацистите. Еден од „ќеркате” на компанијата, Маги за време на Втората светска војна експлоатира затвореници од концентрационен логор , кој се наоѓал во близина на германската и швајцарска граница. И тоа не е сè. Чоколадите биле користени како мамка да ги намамат децата на Евреите во заробеништво. Поради ова, во 2000-тата  компанијата има платено речиси 15 милиони долари на име на преживеаните од холокаустот.

БМВ

За време на Втората светска војна , компанијата својата работна сила ја црпи од концентрационите логори , а некои извори тврдат дека имало над 50.000 вработени. Исто така , приказната станува полоша : БМВ во тоа време е во сопственост на Гинтер Квант, а тој и неговиот син на Херберт биле многу блиски со Хитлер и со неговиот режим. Во фабриките на компанијата се правеле возила и делови за моторцикли за нацистите .

Покрај тоа, сопствениците на БМВ профитирале од одземање на еврејски имоти бидејќи им се дадени на управување многу компании одземени од Евреите. Тоа била откриена во 2001 година кога Габриел Квант за германскиот ” Die Zeit ” изјавил дека е точно оти голем број работници починале работејќи за компанијата .

Баер

Следниот пат кога имате главоболка , размислете внимателно кој лекови ќе го земете . Користењето работна сила од нацистички логори е најмалото воено злосторство на оваа компанијата. Баер претходно беше во сопственост на германскиот фармацевтски гигант , ИГ Фабрен. Таа во педесеттите од минатиот век е растурена бидејќи се откри дека го произведува Zyklon Б, отровен гас што нацистите го користеле во гасните комори.

Исто така познатиот аспирин во 1890 го откриле двајца вработени во Баерн- Феликс Хофман , млад и исклучително талентиран хемичар и неговиот шеф Артур Ајхенгрун. Но, кога нацистите дојдоа на власт во триесеттите години на минатиот век, Ајхенгруновото учествуво во пронаоѓањето на лекот е избришано само затоа што човекот бил – Евреин.

Форд

Хитлер бил сигурно фан на Хенри Форд – му даде почесно место во „Majn Kampfu”, па дури го држел и неговиот портрет над бирото. Згора на тоа, во 1938 година компанијата Хитлер на наградил со највисоко нацистичко одликување за странци.

И што доби за возврат? Подружницата на Форд во Германија користи работна сила од концентрационите логори , па дури и ја опремува германската армија за војната . Некои од Фордовите менаџери кои во тоа време биле во Германија, се согласија на ова воено производство, додека фабриките на американска почва имале забрана од страна на претседателот Рузвелт. Иако Фордовите адвокати со децении се обидуваат да го “одвојат” германскиот и американски Форд, ги порази фактот дека американската Форд во Германија заработувала по 600.000 долари годишно. Од друга страна пак, Хенри Форд бил познат антисемитист .

ИБМ

Улогата што компјутерот ја има во Втората светска војна е често занемарена, особено кога станува збор за конфликти пред бумот на модерната технологија. Но IBM-овата соработка – а и таа на други ИТ компании со нацистите, била клучот за нивниот успех.

IBM ги произведува компјутерите кои на нацистите им го олесниле следењето на распоредот и бројот на Евреите во концентрационите логори. Тие им давале увид во тоа колку затвореници каде се наоѓаат. На кратко, нацистите набавената опрема на IBM , ја користеле за систематско уништување на Евреите. Се верува дека IBM има натрупано огромен профит од нацистичката окупација на Полска. Иако лидерите на компанијата денес негираат било каква поврзаност со нацизмот, сепак уплатуваат големи суми средства за преживеаните од холокаустот.

Хуго Бос

Во триесеттите години на минатиот век , Hugo Boss започнува да прави нацистички униформи . Самиот основач, Хуго Бос добил задача да ја дизајнира униформата на Хитлеровата младина и војската. Овој договор го добива осум години откако ја основал компанија,  што бил одличен бизнис. Производство одел толку добро што тој морал да “се ангажираат ” и работна сила од концентрационите логори.

Фолксваген

Фердинанд Порше кој стои зад Фолксваген и Порше во 1934 година разговара со Хитлер како да дојдат до совршено име за „автомобилот за народот “. Ова резултатирасо тоа што самиот Хитлер е „кум” на познатата Фолксваген Буба . Се верува дека најмалку четири од пет работници во фабриката за време на војната биле затвореници во кампот.

Сименс

И оваа компанијата користела работна сила од концентрациони логори и тоа за да изгради гасна комора. Сименс, во 2001 година дури и се обиде да го користи името на Zyklon ( кое исто така е името на гасот со кој во коморите се убивани затвореници ), како име на новата колекција – која вклучува и рерни на гас.

Извор