Гугл „приготви“ напредно пребарување на рецепти

Гугл отсега има напредно пребарување на рецепти за храна, според состојките кои одредениот рецепт ги содржи.

Иако интернет пребарувачот веќе обезбедуваше предлог-рецепти во вообичаените резултати од пребарување, сега ќе им помага на своите корисници да го стеснат изборот со различни опции достапни над резултатите.

На пример, доколку корисникот сака да научи како се подготвуваат пилешки крилца, ќе му се појават опции за „мед и сенф“, „крцкаво“ или „бавна рерна“. Слична алатка е достапна во категоријата за пребарување на слики веќе некое време.

Освен што помага да се подобри пребарувањето, новата „вртелешка“ на сугестии има намена и да им помогне на корисниците да научат нови рецепти.

Засега опцијата е достапна само на мобилните апликации на Гугл, но наскоро и десктоп пребарувачите ќе бидат ажурирани со неа.