Гугл подготвува сопствен музички фестивал

Гугл ги најави деталите за својот нов музички фестивал, кој ќе го носи името ГудФест. Организиран и финансиран од технолошки гиганти, а замислен како „прослава на напредокот, позитивноста и силата на луѓето“, неговата заработк ќе оди за непрофитни организации.

Фестивалот ќе се одвива пет дена во пет градови, а ќе започне со настапот на англискиот инди рок бенд „Глес Анималс“ на 29 ноември во Њујорк. Парите од продадените влезници ќе бидат донирани за непрофитната едукативна организација DonorsChoose.org која работи на развој на менталното здравје.

Секој од концертите имаат посебна тема, како на пример, „Гогол Бордело“ ќе свират за човештвото, заедно со Ник Зинер од групата „Јеа јеа јеа“. Раперот и пејач Д.Р.А.М. ќе настапува за земјата, додека програмата за последните два концерти допрва ќе биде објавена.

Од компанијата информираат дека ќе има видеопренос од сите фестивалски концерти на Јутјуб и Фејсбук. Оние кои имаат компатибилни Андроид мобилни телефони ќе имаат можност концертите да ги искусат во виртуелна реалност, користејќи ги слушалките на Гугл.