Гугл направи слушалки кои можат симултано да преведат странски јазици

Новите слушалки на Гугл овозможуваат корисниците да зборуваат на различни странски јазици. Тие успешно беа демонстрирани на промоцијата што се одржа овој викенд. Со нив, му се овозможува на англискиот говорник, на пример, да има непречен разговор со шведски говорник.

„Тоа е како да имаш свој личен преведувач со тебе насекаде”, велат од Гугл.

„Да речеме дека сте во Италија и сакате да ги нарачате вашите тестенини како професионалец. Се што треба да направите е да го задржите десното ушно перниче и да кажете: ‘Помогни ми да зборувам италијански’.

Додека зборувате, звучникот на вашите слушалки ќе го каже гласно преводот на италијански. Кога келнерот ќе одговори на италијански, ќе го слушнете преводот преку вашите слушалки“.

Безжичните слушалки ќе поддржат 40 јазици кога ќе излезат следниот месец, а ќе чинат 179 евра.

Тие ќе бидат достапни во црна, бела и сина боја.

Со нив, секако, може и да се слуша музика.

Гугл вели дека се компатибилни со Пиксел и Андроид телефони со верзија 7.0 Нугат или повисоко.

Сепак, постојат неколку други слушалки за превод на јазици кои се достапни на пазарот, како што на Waverly Labs и One2One, но Pixel имаат огромна предност бидејќи услугата за превод на Гугл е подоверлива и има огромна корисничка база.