„Гугл“ доби рекордна казна од ЕУ за продажниот сервис

„Гугл3 е казнет со 2,42 милијарди евра од Европската комисија, откако пресуди дека компанијата ја злоупотребила својата моќ преку промовирање на сопствената услуга за споредба на пазарите на врвот на резултатите од пребарувањето.

Овој износ е најголемата казна на регулаторот досега против компанија обвинета за искривување на пазарот.

Пресудата, исто така, наложува „Гугл“ да стави крај на своите анти-конкурентни практики во рок од 90 дена или да се соочи со дополнителна казна.

Американската фирма објави дека можеби ќе поднесе жалба.

Меѓутоа, ако не успее да го промени начинот на кој работи услугата „Шопинг“ во рок од три месеци, може да биде принудена да изврши плаќања од 5 отсто од нејзината просечна дневна светска заработувачка од матичната компанија „Алфабет“.

Врз основа на најновите финансиски извештаи на компанијата, тоа изнесува околу 14 милиони американски долари на ден.

Комисијата рече дека остава на „Гугл“ да утврди кои промени треба да се направат во нејзината услуга за купување.

„Она што го направи Гугл е нелегално според антимонополските правила на ЕУ”, изјави Магрит Вестагер, комесарка за конкуренција на Европската унија.

„Тоа им ја одзема шансата на другите компании да се натпреваруваат за нивните заслуги и да иновираат, и што е најважно, ги негира европските потрошувачи од конкуренцијата, вистински избор и иновации”.

„Гугл шопинг“ прикажува слики и цени на одредени производи заедно со имињата на продавниците од кои тие се достапни и ги прегледуваат резултатите, доколку се достапни.

Деталите се означени како „спонзорирани”, како одраз на фактот дека, за разлика од вообичаените резултати од пребарувањето, тие вклучуваат само предмети кои продавачите платиле да се појават.

Европската комисија го истражува „Гугл Шопинг“ од крајот на 2010 година.

Истрагата беше поттикната од жалбите на Мајкрософт, меѓу другото.

Ривалскиот технолошки гигант се одлучи да не коментира за пресудата, откако двајцата постигнаа договор минатата година да се обидат да избегнат вакви законски битки во иднина.