Групата „Rudimental“ го откажа настапот во Охрид, на нивно место „Milk and Sugar“

Менаџментот на „Rudimental“ поради неодложни оправдани приватни причини го откажува својот настап закажан за 2 август во Охрид, се вели во соопштението до медиумите.

Со оглед на тоа дека илјадници фанови веќе обезбедија влезница за да бидат дел од оваа журка, организаторите соопштија дека, наместо Rudimental, на 2 август со ист тајминг на плажа Немо свој настап ќе има дуото Milk and Sugar. Освен сетот на овие двајца диџеи, посетителите ќе добијат и бесплатен пијалак по сопствен избор.

Сите оние кои сакаат рефундирање на средствата за веќе купените влезници за „Рудиментал“, можат да го направат тоа на продажните места од каде што ги купиле влезниците. Оние што сепак ќе одлучат 2 август да го прослават на Немо, освен настапот на Milk and Sugar, ќе го слушнат и диџеј сетот на дицејот од Њујорк, Francis Mecier, како и сетот на диџеј Бабура.

Групата на својата официјална Фејсбук страница напиша дека причината поради која го откажаа настапот е бидејќи не можеле навреме да стигнат до Охрид. Од менаџментот уверуваат дека настапот ќе се реализира од месец септември во Скопје.