Група млади „заштитници“ ја спасуваат уличната уметност во Атина

Во 2012, стесил од уметникот Блек ле Рат во Лајпциг беше заштитен со закон и прогласен за историски споменик. Во меѓувреме, во родниот град на Бенкси, Бристол, градоначалникот презеде мерки за да го заштити богатото уметничко наследство на градот. Со оглед на тоа што познато дело на Бенкси стана прашина пред само неколку дена, јасно е дека владините мерки не се доволни. Денес во Атина, група млади „конзерватори“ ја земаат заштитата на уличната уметност во свои раце.

Тимот st.a.co, кратенка за Street Art Conservators, е активен од 2013 година, а денес се состои од околу 12-тина членови на „јадрото“. Тие решаваат кои дела треба да бидат заштитени во нивниот град, смислуваат стратегија и одат на терен. Некои се формално образование во реставрација и се вработени во институции за уметност и образование или во независни уметнички лаборатории. Многумина се и студенти, а во тимот има и еден средношколец со голем интерес за зачувуање на уметноста.

Голем дел од членовите се запознале кога се уште биле студенти во Технолошкиот образовен институт во Атина. Пред четири години, за време на час за реставрација на уметност, учеле за зачувувањето на графитите, јавните мурали и уличната уметност.

„Во соработка со професорот, решивме да се обидеме и да зачуваме уметност in situ. Така започна се“, објаснуваат.

Еднаш неделно, членовите на st.a.co се собираат и го планираат својот нареден проект.

„Не ги избираме делата на кои сакаме да работиме. Најчесто уметничките дела кои се во опасност сами не повикуваат на помош“, коментираат од групата, додавајќи дека „не охрабруваат и не посредуваат илегална улична уметност“ (со други зборови, било кои дела кои се нацртани на историски, археолошки или локации со културна вредност). За да поправат „итни случаи“, со себе постојано носат „пакет за итна помош за заштита на уличната уметност“.

Да се работи на отворено може да биде предизвикувачки: климатските услови и времето за работа знаат да ограничуваат. Затоа, тимот научил да работи брзо. Кога станува збор за финансиските ресурси, мора да бидат креативни, па дел од нивните материјали ги добиваат од нивните универзитети, кои се согласиле да помогнат, или пак бараат донации. На пример, грчкиот производител на боја во спреј, Urban Factory, донирале бои. Другиот дел од нивната работа е самофинансиран.

За тоа што самите уметници мислат за нивната работа, велат дека на почетокот биле сомничави.

„Прво се сомневаа во нашиот тим и нашите намери, но со тек на времето почнаа да ни веруваат. Сега самите улични уметници ни кажуваат какво лепило користеле за некое дело. За возврат, ние го споделуваме нашето знаење за одредени материјали со нив“.