Греми 2017: Адел со најмногу награди, политичките говори повторно присутни

Британската пејачка Адел „собра“ пет Греми награди на синоќешната церемонија на доделување. Сепак, главната награда – албум на годината, ја посвети на Бијонсе, велејќи дека нејзиниот албум “Lemonade” е „монументален и зајакнувачки за сите Црнци“.

„Не можам да ја прифатам оваа награда“, изјави Адел. „Сите музичари овде те обожаваат. Ти си нашето светло. Начинот на кој правиш моите пријатели да се чувствуваат, и моите пријатели Црнци да се чувствуваат, им дава сила. Правиш да се борат за себе си“, додаде Британката, која ги доби сите награди за кои беше номинирана. Бијонсе доби две Греми награди (видео спот на годината и најдобар современ албум за Lemonade), а беше номинирана за девет.

Друг значаен момент на наградите беше настапот на A Tribe Called Quest и Busta Rhymes, кој го повика на сцената Доналд Трамп нарекувајќи го „претседателот агент портокалов“ (President Agent Orange), кој „шири зло во Соединетите Држави“. На крајот од настапот, рекоа дека песната „We The People“ е посветена на сите протестанти, како и на Phife Dawg, кој почина во март 2016.

На наградите им беше оддадена чест и на Принс, чии песни ги изведуваше Бруно Марс, но и на Џорџ Мајк за кого пееше Адел. Седум музичари настапуваа и во чест на The BeeGees, чиј единствен преживеан член, Бери Гибс, пееше со нив од публиката.

Целосната листа на номинации и награди е објавена на веб страницата на Греми наградите.