Граѓани донираа илјадници фунти за украдената опрема на слеп уличен музичар

Стотици Британци собраа неколку илјади фунти за слеп уличен музичар чија опрема била украдена по редовниот настап. Енди Џонсон или Andy J, кој е познато лице на улиците во Манчестер, свири во градот со децении, придружуван од своето куче-водич, објавија локалните медиуми.

Сепак, некој успеал да го украде неговиот алуминиумски куфер со звучници и целата опрема за настап, од пред неговиот дом. Неговите деца брзо реагирале со поставување објава на страницата за донации GoFundMe, за да се обидат да соберат барем дел од средствата за замена на скапата опрема.

Парите и поддршката дошле наеднаш, а 3.000 фунти биле собрани во првите 24 часа. Дел од парите, ќе бидат дадени за комплетирање на опремата на слепиот музичар. Останатите пак, ќе се донираат за организацијата Blind Dog, во добротворни цели.