Граѓанска иницијатива за подобрување на животот во Кочани

Со цел Кочани да стане подобар и подемократски град, Тоше Зафиров и Иван Ивановски од локалниот портал „Komarec.com.mk“, започнаа граѓанска иницијатива со која се мотивираат граѓаните со свои предлози да учествуваат во создавање подобра општина.

Граѓанска иницијатива за подобрување на животот во Кочани

 „Е-иницијативата за поголема демократија и поефикасно општина“, им овозможува на сите оние со идеи за подобрување на животот во Кочани, да ги испраќаат по електронски пат . Таквите идеи ќе бидат документирани на сајтот, разгледани, а потоа и испратени до властите кои треба да реагират на нив.

Според Тоше Зафиров, на овој начин најмногу ќе се мотивираат младите жители да бидат поактивни и да ја прифатат општествената одговорност и директната демократија.

„Сакаме да ги мотивираме да споделуваат идеи и да бидат свесни за владеењето во градот“, вели Зафиров.

Како што посочуваат од оваа Иницијативата, преку Законот за локална самоуправа ќе се врши притисок врз градоначалникот, кој мора да создаде услови за доставување предлози и во рок од 60 дена ќе треба да достави образложен одговор. Доколку предлозите не се во негова надлежност, тогаш градоначалникот законски мора да ги препрати до надлежните органи.

Одговорите на граѓанските предлози, објаснуваат од тимот на Komarec.com.mk, ќе бидат објавувани на секои три или шест месеци со што треба да се создаде транспарентна платформа за континуиран дијалог помеѓу граѓаните и властите.

Извор: it.com.mk