Градот кој препраќа писма со најромантичниот поштенски жиг на светот

Ловленд (Loveland) во американската држава Колорадо е особено популарен град за „Денот на вљубените“. Секоја година, голем број пензионери волонтери, две недели удираат печати, декорираат и ставаат поштенски марки на илјадници розеви коверти.

Коверти пристигаат од целиот свет, во желба за романтично писмо кое ќе има поштенски жиг и марка од „земјата на љубовта“, што претставува името на Ловленд. Поштата стига и од Кина и Велика Британија, додека се препраќа и на многу познати адреси.

Претседателот Обама добил една во Белата куќа, Хју Хефнер така препраќал писма на девојките во Плејбој апартманот. Една од фановите била и ТВ ѕвездата Опра Винфри, пишува ББЦ.

Препраќањето пошта од Ловленд е традиција стара 70 години, кога поштарскиот работник, господин Ајверс, страстен филателист, почнал да ја препраќа целата пошта од „Градот на вљубените“.

Стрелата на Купидон сега праќа и до 300 илјади поштенски писма кон Ловленд, секое од нив да биде обележано со посебниот поштенски жиг, марка и со уникатна поема.