Град за сите – работилница за читање ДУП-ови

Плоштад Слобода, во соработка со Поп Ап АКТО фестивалот, денес од 11 часот во кино салата кај Железничката зграда кај Буњаковец, одржува работилница за читање на детални урбанистички планови.

Во настанот е наведено дека на работилницата можат пристуствуваат и е наменета за оние кои:

-мислат дека маалото и градот им го уредуваат локални моќници – политички и бизнис

-мислат дека превише се асфалтира и бехатонизира, наместо да се раззеленува

-не се архитекти, а сакаат да разберат што (ќе) се случува со нивното маало и град

-сакаат да се вклучат во некаков процес на следење на работата на општините, но немаат доволно вештини

– и сите оние кои се засегнати од намерите на ликовите од џиповите, кои не стапнуваат по нашите маала, улици и паркови, а си играат урбанисти и ги уредуваат.

+оние кои знаат да ценат добра архитектура и не ги откриле сите тајни на Железничката зграда.

Стручни инструкции за читање детални урбанистички планови и дискусија околу потребата од јавност и учество во процесите на просторно планирање.