Google лансираше мини игра во чест на премиерата на новиот Star Wars

Google Search, Gmail, Maps и многу други услуги на Google имаат поразличен изглед во чест на премиерата на новиот филм од серијалот The Force Awakens.

Новата мини игра им овозможува на корисиците на Google да ја изберат светлата или темната страна на „силата“, со што сите услуги кои ги користат имаат поразличен изглед: во боите и иконите на Империјата или Сојузот на бунтовниците.

Позадината на Gmail е заменета со сцени од Star Wars универзумот, воени авиони или Millenium Falcon вселенскиот брод ја заменуваат локацијата на Google Maps, а loading екранот на YouTube е обоен во други бои.

Можете да се логирате во вашиот Google account на google.com/starwars, и во однос на тоа која „страна“ ќе ја одберете, ќе се промени изгледот на сите услуги на Google кои ги користите.

„Веројатно не е големо изненадување што има илјадници обожаватели на Star Wars како мене овде во Google“, вели Clay Bavor на блогот на компанијата.

„Редовно можете да видите некој облечен како Darth Vader, кучиња облечени како Yoda, па дури и по некој „stormtrooper“ како шета низ ходниците на нашите дата центри“.

„Ги исконтактиравме нашите пријатели во Lucasfilm и Disney, и оттогаш работиме заедно на создавање на google.com/starwars. Тоа е место за обожавателите, од обожавателите“, додава.


Извор: Telegraph