Големите протести на пауза за дел од празниците, „Протестирам“ повика на помали акции на отпор

За денеска нема најавен голем протест во Скопје на неформалното движење „‎Протестирам“ и Шарената револуција. Според најавите, големите протести ќе паузираат и за дел од претстојните празниците, во следните неколку дена.

Сепак, се посочува во најавата на Протестирам, секој ден во 6 часот попладне е времето кога се вади индивидуалниот револт на улица.

„Голем протест не е планиран за денес, но многумина од нас и денес ќе излезат во 18:00 пред СЈО, за да го искажат револтот и гневот кон режимот и кон селективната правда со продолжените притвори на некои од нашите соборци. Оние кои се во Скопје, ги повикуваме да ни се приклучат, да го понесат својот гнев и своите транспаренти. Другите ги повикуваме да се приклучат и организираат во помали акции на отпор или подготовка за следните протести“, велат од „Протестирам“.

Оттаму додаваат дека ги охрабруваат сите форми на отпор кон авторитарениот и корумпиран режим, во секое време, на секое место. ‬