Голем пожар во депонијата во Тетово, жителите се гушат во чад

Голем пожар избувна во дивата депонија во Тетово, на самиот влез на градот. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, а огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“.

Поради густиот чад во Тетово тешко се дише, а граѓаните стравуваат од проширување на пожарот.