Ѓоковиќ отвора ресторан во кој бесплатно ќе дели храна за бездомници

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ отвора нов ресторан во кој ќе се служи храна за оние кои имаат потреба од неа.

Во процес е изградбата на неговиот трет ресторан.

Ѓоковиќ откри дека муштериите ќе може да јадат бесплатно, откако рече дека сака да им возврати на оние кои му дале поддршка.

Новак во изјава рече: „Парите не се проблем за мене. Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија“.

„Мислам дека тие го заслужуваат ова после целата поддршка што ми ја даваат“.

Сепак, се уште не се знае дали муштериите треба да докажат дека имаат потреба за оброк, или не.

Во 2009 година, тенискиот играч отвори ресторан именуван „Новак“, во близина на Белградската арена.

Во 2016 година, Новак отвори вегански ресторан во Монте Карло.

Тој тогаш изјави: „Поради моето семејство, јас секогаш сум ја сакал храната. Но, како атлет, прерасна во нешто повеќе – горивото кое одредува како ќе играм, како ќе закрепнам и колку сум фокусиран на теренот“.