Гитаристот Дамир Пух има нова песна – „Something To Say“

Младиот македонски гитарист Дамир Пух ја објави својата нова инструментална композиција, насловена „Something To Say“, која е комплетно негово дело. Дамир минатата година настапуваше во финалето на престижниот музички натпревар Guitar Idol во Лондон, а претходно имаше неколку забележителни композиции.