Германски волонтери прават разговорник за бегалците, повикуваат на соработка

Refugee Phrasebook“ или „Разговорник за бегалци“ е отворена збирка од зборови и фрази со кои бегалците би можеле да побараат помош додека транзитираат одредена држава, и секој може да го ажурира со сопствениот јазик.

Тоа претставува јазична алатка која обезбедува основен речник поврзан со нивните најчести итни потреби. Разговорникот претставува проект на Berlin Refugee Help, колектив од волонтери што се наоѓа во Берлин. Меѓутоа, пред да започнат да го дизајнираат и печатат разговорникот, овие волонтери повикуваат секој да помогне во надоградувањето на вокабуларот.

Секој со својот јазик може да придонесе така што ќе наведе најчесто користени фрази и зборови за ориентација, за лекарска помош и за правата.

Покрај печатената форма, волонтерите планираат да има и онлајн речник.