Германија ќе отвори два музеи за електронска музика до 2017 година

Најновата уметничка установа во Германија е посветена на електронската музика. Основачот на култниот берлински клуб „Трезор“ Димитри Хегерман, неодамна започна со собирање на средства за отворање на првиот музеј за електронска музика во Берлин.

Клубот е важен фактор на германската „андерграунд“ сцена од самиот почеток, а музејот се очекува да биде отворен на 25-годишнината од постоењето на клубот, во 2016 година.

Франкфуртското издание на музејот за електронска музика е проект кој беше најавен во април, делумно финансиран од градот, а се очекува да биде отворен на почетокот од 2017 година.

Еден од основачите на овој музеј Алекс Азари е дел од електронската музичка сцена на 80-тите и смета дека влијанието на оваа музика како жанр и култура е значително потценета. Музејот ќе даде целосен приказ за музиката, од нејзините зачетоци во 70-тите, како и поделбата на сите жанрови и поджанрови.

Музејот во Франфурт се уште е во фаза на собирање средства и состаноци со потенцијални инвеститори. Во меѓувреме, се собира широк спектар на предмети кои ќе бидат изложени.