Германија ги засилува мерките за справување со говорот на омраза

Германија ќе започне да го спроведува законот против говорот на омраза со кој се многу брзо од социјалните мрежи ќе се отстрануваат говор на омраза, лажни вести и нелегални материјали.

Веб-страниците што нема да ги отстранат „очигледно незаконските” мислења може да се соочат со парични казни до 50 милиони евра, јавува Би Би Си.

Законот им дава на мрежите 24 часа да дејствуваат откако ќе им биде кажано дека има прекршување на законот. Социјалните мрежи и медиумските сајтови со повеќе од два милиони членови ќе потпаднат под одредбите на законот.

Фејсбук, Твитер и Јутјуб ќе бидат главен фокус на законот, но, исто така, најверојатно ќе се применат и на Reddit, Tumblr и на руската социјална мрежа VK. Другите сајтови, како што се Vimeo и Flickr, исто така, може да бидат опфатени во неговите одредби.

Законот беше претставен во јуни, а стапи во сила на почетокот на октомври. Сепак, социјалните мрежи добија рок до крајот на 2017 година за да се подготват за негово спроведување.