Генерален пленум на Архитектонски во вторник

Студентскиот пленум во вторник на Архитектонски/Градежен факултет организира генерален пленум на кој ќе се разговара за новодонесениот Закон за високо образование со кој се воведува државен испит, како и проблемите во високото образование воопшто.

„Додека ние седевме и учевме, високото образование се смени од корен. Сметаме дека сите студенти се засегнати од овие нови образовни политики. Дојдете и искажете си го ставот. Рековме дека ќе бидеме чуени, еве го почетокот. Нека продише студентскиот активизам“, велат од Студентски пленум.

На следниот линк може да се погледне најавата за настанот.

Вчера од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” соопштија дека Сенатот на УКИМ со писмо му предлага на Министерството за образование и наука во најкус можен рок да иницира сеопфатна расправа од која би произлегле измени на тековниот или предлог за нов Закон за високо образование. Кратко време потоа, во попладневните часови, од Министерството за образование и наука соопштија дека предлогот на УКИМ е конструктивен.