[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Дејвид Боуви почина на 69 години по 18 месечна борба со ракот. Влијателниот музичар имаше кариера која се протегаше низ шест декади. Хитовите на Боуви ги вклучуваат Let’s Dance, Space Oddity, Heroes, Under Pressure, Rebel, Rebel и Life on Mars.

Роден како Дејвид Роберт Џоунс во Лондон, првиот сингл на Боуви се вика Liza Jane, издаден под името Дејвид Џоунс.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Боуви имаше многу улоги низ својата кариера, најмногу познат по своето глем рок алтер его креирано за албумот The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders From Mars, во 1972 година.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Но Боуви ја започна својата музичка кариера во поспокоен бенд – the Konrads, како што се гледа овде во 1963 година.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Четвртиот албум на Боуви во 1971 година – Hunky Dory ги вклучуваше Life on Mars? и Oh, You Pretty Things со што ја редефинираше рок музиката за генерацијата од седумдесетите.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Последниот перформанс како Зиги Стардаст во 1973 година беше познат како неговата „тезга за пензионирање“, по што многумина мислеа дека тој ја завршува својата музичка кариера, но всушност само ја напушташе улогата на Зиги.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Боуви стапи во брак со Angie Barnett во 1970 година со која има син – Zowie (сега филмски режисер Duncan Jones).

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Изгледот на Боуви се менуваше значајно низ годините, вклучувајќи го и оној за неговиот албум Diamond Dogs во 1974.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Многу музичари работеа со Боуви за време на неговата кариера, вклучувајќи го и Иги Поп во 1977 година.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Поп ѕвездата исто така имаше неколку актерски улоги, играјќи на Бродвеј во The Elephant Man во 1980 година.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Боуви исто така играше во филмот „Merry Christmas, Mr Lawrence“, кој беше добро примен и од критичарите.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Легендарниот музичар продаде преку 140 милиони албуми во својата кариера и имаше концерти низ целиот свет, вклучувајќи го и овој концерт во Париз во 1991 година.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Toj го предводеше Glastonbury фестивалот во 2000-та година.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Во 2001 година Боуви се појави во филмот Зоолендер со Бен Стилер и Овен Вилсон.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Дејвид Боуви, 1947-2016.

[Галерија] Животот на Дејвид Боуви низ фотографии

Извор: BBC