[Галерија] Заборавени модернистички ремек-дела на архитектурата во Африка

50-те и 60-те години на минатиот век биле време на голема надеж за африканските народи. По децениска, а некаде и вековна колонијална потчинетост под големите сили – Велика Британија, Франција, Германија, земјите во Африка една по една, често низ крвави историски премрежја и револуции, се изборувале за својата независност.

Во овој период на екстремна самодоверба и политичка амбиција, во духот на осамостојувањето биле изградени десетици модернистички згради, главно проектирани и изведени од странски архитекти и стручњаци. Во најголем дел, овие градби биле резултат на големи државни вложувања и иницијативи – монументални парламентарни згради, маркантни централни банки, храбри универзитетски комплекси и огромни стадиони. Многу од градбите биле „проекти-миленичиња“ на новопоставените државни лидери, произлезени од револуционерните движења, а нивната намена често била пропагандна.

Овие денеска подзаборавени бетонски ремек-дела на архитетурниот модернизам се сведоштво не толку за трендовите на една ера и за мегаломанските амбиции на тоталитарните водачи, туку и за самата ера во која се градени. Таа за многумина жители на „црниот континент“ претставува убаво сеќавање и асоцира на силниот, оттогаш неповторен ентузијазам и надеж за подобар живот.

Меѓународниот саем во Дакар, Сенегал

Меѓународниот саем во Дакар, Сенегал

Националниот музеј во Акра, Гана (1957)

Националниот музеј во Акра, Гана (1957)

afmd-3

Плоштадот на независноста во Акра, Гана (1961)

„Пирамидата“ во Абиџан, Брег на Слоновата Коска (1968-1973)

„Пирамидата“ во Абиџан, Брег на Слоновата Коска (1968-1973)

Универзитетот во Лусака, Замбија

Универзитетот во Лусака, Замбија

afmd-6

Хотелот „Ivoire“ во Абиџан, Брег на Слоновата Коска

Меѓународниот саем во Акра, Гана

Меѓународниот саем во Акра, Гана (1964-1967)

Меѓународниот конференциски центар „Кенијата“ во Најроби, Кенија

Меѓународниот конференциски центар „Кенијата“ во Најроби, Кенија

Зградата на Машинскиот факултет н универзитетот „Кваме Нкрумах“ во Кумаси, Гана (1956)

Зградата на Машинскиот факултет н универзитетот „Кваме Нкрумах“ во Кумаси, Гана (1956)

Хотелот „Независност“ во Дакар, Сенегал (1973)

Хотелот „Независност“ во Дакар, Сенегал (1973)

Извори: 1 2 3