[Галерија] Втора недела Средношколски фронт

Продолжува кампирањето на средношколците кои веќе осми ден го „окупираат“ Паркот на новинарите спроти Министерството за образование и наука како и бојкотот на наставата. Тие велат дека не се откажуваат од Средношколскиот фронт, се додека не се исполнат нивните барања.

За вчерашното соопштение од МОН во кое министерството тврди дека досегашните реални барања се исполнети, Александар Милевски од Средношколски пленум вели дека не се доволни отстапките, бидејќи МОН донеле одлука стариот концепт за државната матура да остане само оваа година, а тие бараат тој да важи за сите генерации.

„Министерството донесе конечен став но не во преговори со нас, тој конечен став требаше да произлезе од преговорите со нас или како што тие велат од раговорите, бидејќи ни го рушат легитимитетот.
Ние остануваме на нашите барања, цврсти, доследни, барањата се ставање во мирување на одредбите од законот за екстерно тестирање и враќање на стариот концепт на полагање на државна матура за сите следни генерации“, вели Милевски.

Во продолжение погледнете дел од денешната атмосфера во кампот поставен пред МОН.