[Галерија] Уметник претвора ѓубре во мурали и скулптури за да ги потсети минувачите на штетата од загадувањето

Португалскиот уличен уметник Bordalo II (Артур Бордало) создава скулптури и мурали, со цел да ја зголеми јавната свест за фрлањето ѓубре и недостатокот од рециклирање.

За разлика од повеќето уметници, Бордало не го купува материјалот, туку го бара по депонии и контејнери. Неговата цел е да ја претстави природата преку животни, со материјалите кои доколку се расфрлаат во еколошките средини, ќе ги загадат и ќе го загрозат постоењето на овие диви видови.