[Галерија] Уметник комбинира кубизам и реализам во своите мурали и слики

Шпанскиот уметник Мигел Анхел Белинчон Бухес, познат под уметничкото име Белин, е познат во светот на графитите по своите фотореалистични мурали.

Откако неодамна го посетил домот на Пабло Пикасо, во своите дела почнал да воведува и елементи на кубизам. Сега, како комбинација од неговиот реалистичен стил и кубизмот, создава креативни портрети во правецот кој го именувал „постнеокубизам“. Неговите дела често прикажуваат негови блиски луѓе, чии лица се „искршени“ за поразлично да се постават очите, ушите и устите.