[Галерија] Технологијата против „вистинската“ комуникација

Како што „паметните“ уреди ја олеснуваат комуникацијата со луѓето насекаде низ светот, тие често прават да ни биде потешко да се поврземе со луѓето околу нас, лице в лице.

Фотографот Babycakes Romero, кој живее и работи во Лондон, нема смартфон. Намeсто да гледа во телефонот, тој талка низ градот со својот фотоапарат и ја „зграпчува“ реалноста. Во својата серија, „Смрт на еден разговор“, Romero се осврнува на модерниот феномен на поголема приврзаност на човекот со технолошките направи, отколку со другите луѓе. Ова, според него, создава само повеќе болка и отуѓување во светот.

[Галерија] Технологијата против „вистинската комуникација“

„Забележав како смартфоните станаа пречка за личната комуникација. Видов како луѓето ги користат за да го скријат својето неприпаѓање, за да ја пополнат тишината… телефоните всушност ни дава можност да се повлечеме, наместо да се вклучиме. Луѓето почнуваат да чувствуваат поголемо задоволство од нивното „комјутерско гушкање, отколку од непосредната интеракција“, вели Romero. Авторот се залага за дискусија околу социјалната прифатливост на смартфоните, односно смета дека нивната употреба мора да се ограничи со општествените правила на бонтонот.

„Можеби луѓето ќе се преиспитаат околу тоа како ги коритат своите телефони и ќе се запрашаат дали е прифатливо да го прават тоа на сметка на луѓето околу нив“, вели Romero.

Еве дел од фотографиите од оваа серија, која според авторот го забележува отуѓувањето на нашето време: