[Галерија] Студенти на уметност против глобалното затоплување

Часовници кои го одбројуваат времето до судниот ден, распарчена земја и жедни поларни мечки се дел од изложбата на студентите на Royal College of Art и уметникот Peter Kennard, кој со своите дела разработува политички теми.

Изложбата е отворена пред почетокот на Самитот за климатски промени на Обединетите нации, кој се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември.

Провокативната изложба наречена Fiddling While Earth Burns е отворена во Dyson Gallery во Лондон, до 8 декември, пишува Guardian.