[Галерија] Стар ‘рѓосан брод претворен во модерна зграда

Јужнокорејското архитектонско биро Shinslab Architecture создаде павилјон наречен Temp’L, за сеулското издание на MoMA’S Young Architects Program. На прв поглед изгледа како апстрактна уметност, но всушност е стар брод претворен во функционален простор.

Shinslab исекле дел од старото пловило, го свртеле наопаку и го претвориле во зградата која ја освоила MoMA Young Architects наградата во Сеул годинава. Во внатрешноста на бродот има дрва, клупи и спирални скалила кои водат до балкон.