[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Сè повеќе ученици доаѓаат во кампот на средношколците поставен спроти Министерството за образование и наука. Во Паркот на новинарите се забележува дека се поставени дополнителни шатори за преспивање, поставена е импровизирана кујна, се дели храна, кафе, а веќе од денеска има и целосна програма со предавања на разни теми од студенти и активисти.

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Над осум илјади граѓани ја потпишале и петицијата за поддршка на средношколците и нивната борба со надлежните институции. Од Средношколскиот пленум велат дека денеска добиле најава дека се приклучени нови училиштата на бојкотот, и голем број нови ученици утринава пристигнале во кампот.

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Средношколците најавија дека од утре, заедно со родителите и наставниците ќе следи радикализација на бојкотот. Средношколски, Студенскиот и Родителскиот Пленум планираат секој ден од 17:00 до 18:30 часот да ја блокираат улицата пред МОН, се додека министерството не попушти и не ги оствари барањата на средношколците.

„Ги повикуваме сите совесни граѓани кои не поддржуваат да се приклучат на овие собири кои ќе почнат од 06.05.2015 (среда) и ќе траат сè до остварување на нашите барања“, се вели во најавата за утрешниот собир.

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Родителите, исто така се револтирани од игнорантскиот однос на надлежното министерство кон нивните деца. „Најмалку што можеше да направи министерот е да се симне овде и да разговара со децата. Тие протестираат пред неговото министерство, да седне со нив и да ги слушне“, вели еден од родителите кој денеска го затековме во кампот спроти МОН.

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Од Министерството за образование и наука, откако преку соопштение во неделата известија дека стариот концепт на полагање државна матура ќе важи за сегашните матуранти и „реалните барања на средношколците се исполнети“, деновиве следи молк.

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Иако бројката на ученици и шатори пред нивната врата се зголемува, тие немаат коментар дали повторно ќе ги викнат средношколците на средба или пак дали имаат некакви планови за решавање на тензичната ситуација во образованието.

[Галерија] Средношколскиот камп се шири, министерството се прави дека не гледа

Портпаролката на Министерството за образование и наука, Ардијана Ќамили со денови не одговара на нашите повици, а коментар засега не можеме да добиеме ниту од другите портпароли во МОН.

Средношколците од пленумот велат дека од МОН воопшто не ги контактирале деновиве. Според нив, МОН не направиле никакви отстапки бидејќи немаат гаранции дека стариот концепт за државна матура ќе важи за сите генерации.

Во училиштата стигнале и пријавите за полагање државна матура, кои тие ги толкуваат како обид за раздор меѓу нив.

„Ќе ги потпишеме пријавите за полагање државна матура и ќе ги поднесеме во училиштата. Сепак, свесни сме дека со овие пријави сакаат да создадат раздор помеѓу матурантите за кои ќе важи стариот систем на полагање државна матура и средношколците од прва втора и трета година, но ова нема да им успее бидејќи матурантите бојкотот го продолжуваат заедно со нивните соученици“, вели една ученичка од пленумот.

Вицепремиерот Владимир Пешевски во вчерашниот дневник на Сител изјави дека главните барања на средношколците се исполнети, измените кои тие ги барале се направени и треба да се вратат на настава. Тој рече дека веќе нема да има преговори и средношколците ги повика да се пријават за матурскиот испит кој ќе се полага од 11 до 19 јуни.

Претходно претставници на МОН и Пешевски се сретнаа со средношколците од пленумот, но не постигнаа заеднички договор. Средношколците се пожалија на арогантниот однос на вицепремиерот Пешевски за време на една од средбите, на која тој на еден ученик му се обратил со зборовите „Знам кој те праќа“.

Средношколците веќе петта недела ја бојкотираат наставата и втора недела кампираат пред МОН. Бараат ставање во мирување на екстерното оценување, враќање на стариот концепт на државната матура, како и подобрување на состојбите во образованието.

К.О.