[Галерија] Смешни идеи за дизајнот на знамето на Нов Зеланд

Нов Зеланд има намера да го смени изгледот на националното знаме, а кој подобро да го направи дизајнот ако не самите граѓани на оваа држава?

Овој проект на Владата на Нов Зеланд му овозможува на секој Новозеланѓанец, со пристап до интернет, шанса да го дизајнира и да даде своја идеја за тоа како треба да изгледа сегашното знаме. Рокот за пријавување на дизајните е до август, 2015 година, а ќе се гласа на референдум во март, 2016 година.

Досега, дел од идеите на граѓаните се прилично креативни, додека други се направени со цел да се пошегуваат. Некои од нив, користејќи ја програмата „Paint“ нацртале птици од чии очи излегува ласер, други пак сакале да покажат малку елегантност, па ставиле само сина позадина што би требало да ги претставува небото и морето.

Во продолжение, погледнете ја галеријата од дизајните на Новозеланѓани за нивното национално знаме.