[Галерија] Шарените демонстранти протестираат низ Скопје – од СЈО до Влада

ОД СЈО кон Владата се упатија денеска учесниците на Шарената револуција кои излегоа на повикот за нов протест во Скопје, во 18 часот. На приодот кон партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ ги дочека кордон од полиција што го обезбедуваше просторот, по што колоната сврте кон владината зграда.

Од Шарената револуција укажаа дека Уставниот суд се уште не постапува по барањето за признавање на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, но и дека наместо повлекување на пријавите за демонстрантите, дознаваат дека им се подготвотвуваат нови прекршочни и кривични пријави.

„Нема да дозволиме криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон. Многу сме, моќни сме, секоја од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе го покажеме преку нашите следни дејствија“, порачуваат демонстрантите.

Тие денеска одбројуваат уште три дена од ултиматумот кој го дадоа на институциите до 18 јуни за исполнување на нивните барања.