[Галерија] Село во Италија „претворено“ во интернет простор

Цивитакампомарано е мало село во провинцијата Кампобасо во Италија, а во него има само 400 жители, повеќето старци. Во ова село, кое е богато со народни традиции, интернетот е непознат свет. Мобилните телефони немаат сигнал, а конекцијата на интернет на некои места е сосема невозможна.

Поради тоа, Biancoshock ја започнале кампањата да го претворат овој простор во „интернет“. Идејата е да се покаже дека овие виртуелни функции, кои мнозинството ги смета за неопходни и значајни за секојдневниот живот, исто така постојат на село, каде конекцијата тешко се наоѓа. Има интернет „во вистинскиот живот“, а тоа е прикажано преку традициите. На некој начин, овие алатки секогаш постоеле и им овозможувале на луѓето да имаат културна размена, преку средби во локалите и на улиците.

Извор: Bored Panda