[Галерија] Преку ден електричар, преку ноќ научник

Преку ден, Жак Емери е средовечен електричар кој живее во Мартини, Швајцарија. Преку ноќ, тој се спушта во неговиот подрум, каде е преполно од кондензатори, отпорници, диоди и калеми и се претвора во научник што ја експериментира моќта на електричната енергија.

Фотографот Оливие Лови слушнал за Емери од еден пријател пред три години. Кога тој изразил интерес за работата на електричарот, Емери возбудено му направил мала тура во својата лабораторија, сакајќи да му  објасни во најситни детали, како секоја машина функционира. Емери поминува со часови во својот подрум секој ден, понекогаш има напорна работа за неколку месеци да изгради една машина.

Јас веднаш забележав дека универзумот на Жак е многу фотогеничен, и по поминатото време со него дојдов до заклучок дека тој беше посебен, различен од повеќето луѓе што ги познавам”, рече Лови.

Голем број од уредите на Емери претставуваат репродукции на историски машини, вклучувајќи ја онаа на Тесла. Други, пак, се потполно оригинални, како т.н.циркуларен мултипликаторен прототипкоја според негосоздава молња.