[Галерија] Последен поздрав на уметници од цел свет за удавеното дете од Сирија

Тригодишното момче, Ајланд Курди и неговиот петгодишен брат Риан, беа фотографирани со лицето надолу, откако водени бранови ги исфрлија на грчкиот брег. Според написите во светските медиуми, двете момчиња, бегалци од Сирија се удавиле откако се превртел бродот со кој нивното семејство се обидувало од Турција да стигне до Грција. Потресната фотографија од удавеното дете го обиколи светот и го атуелизираше прашањето за неспособноста на западните држави да ја менаџираат една од најголемите бегалски кризи.

Уметници од цел свет, погодени од оваа случка, почнаа да објавуваат емотивни  цртежи како последен поздрав за детето од Сирија, под хаштагот на турски  #KiyiyaVuranInsanlik или #HumanityWashedAshore (Хуманоста ифрлена на брегот).

Во продолжение, погледнете дел од нив: