[Галерија] Петмина уметници го прикажуваат современиот свет како Орвеловската дистопија

Дистопискиот роман „1984“ на Џорџ Орвел е попопуларен од кога и да било, а светската политика се чини, се повеќе се наближува до футуристичката авторитарна држава прикажана во него. Романот е на листата на бестселери на Амазон после инаугурацијата на Доналд Трамп.

Во време на „алтернативни факти“, лажни вести и конзумеризам, главната девата е дали нашиот свет личи повеќе на оној на Орвел, или пак, на „Храбриот нов свет“ на Алдус Хаксли. И двете книги предупредуваат за опасностите кои нивните автори ги забележале на повидок, но живото наследство на „1984“ е влијанието на јазикот врз перцепцијата на јавноста.

Поради тоа, Vice Creators побарале од уметниците да ги илустрираат термините и концептите од книгата како што мислат дека се прикажани во денешното општество.

1489411107522-1488841602494-Joe-Baker

За овој цртеж, се фокусирав на владините планови за американскиот систем на јавно образование, и дали овие планови ќе имаат прифатлив исход. Ја применив идејата на контрола на умот, која се случува во озлогласената „Соба 101“ во „1984“, во јавно училиште во иднината. Во Собата 101, индивидуата одново се учи преку подложување на нејзиниот најголем страв, со цел присилно да се контролира нејзината реалност. Во цртежот, владините штедења на доведе до воведување на наставници-роботи, кои обезбедуваат потпросечен курикулум. Овие наставници-роботи вродуваат ужасни стравови во учениците, принудувајќи ги повторно да поверуваат дека 2+2=5. – Џо Бејкер

1488841607909-Alex-Jenkins

Ова е мојот приказ на идејата за „две минути омраза“. Сцената е канцелариски простор во кој сите луто им викаат на своите компјутери (наместо во јавен театар). – Алекс Гамсу Џенкинс.

1488841609690-Jennifer-Hershey

Секако дека сакам да цртам за Министерството за вистина. Двајца ликови седат на клупа во подземната железница, едниот сиромашен и очаен кој гледа кон другиот. Во весник во близина пишува „Сиромаштијата завршува! Последен твит: Пристапно домување за сите!“ – Џенифер Херши

1488841601953-Corrinne

Значаен концепт е „двомислење“ (doublethink), а ова е цитатот кон кој упатувам: „По сеќавање. Во ред, тогаш. Ние, Партијата, ги контролираме сите записи, и ги контролираме сите сеќавања. Тогаш, го контролираме минатото, нели?“. Мислам дека ова навистина има врска со тоа како администрацијата на Трамп ги избриша објавите на веб страницата на Обама и го прекина финансирањето на програмите кои финансираат уметности.

Во училница, има корпа за ѓувре во која има книга, а во неа пишува „Науката е вистина“. Наставникот дава нови учебници во кои пишува „Науката е вистинска кога така ни одговара“. Ова одговара на идејата на одново пишување на историјата, кога историјата има големо влијание врз нас. – Корин Џејмс.

1489408338300-Alex-Martin-NewsMaze-SM

Во последно време, размислував за тоа како Трамп и апаратусот кој тој го претставува, ги контролираат медиумите преку започнување на војна со нив во формата на нивно дискредитирање. Ако медиумите се секогаш грешка, може да стане тешко да веруваме на било кој медиум. Потоа, тука е новиот термин „алтернативни факти“ – што ми залича на орвеловски кога прв пат го слушнав. Оваа идеја дека луѓето можат да бидат доведени да веруваат дека фактите се, на некој начин, субјективни. Истовремено, секако, луѓето ќе станат порадикални во националистички смисол, како во книгата. Патеката која ја гледам е дека повеќе луѓе постепено ќе стануваат се повеќе и повеќе апатични. Овој цртеж ги претставува тие идеи. Како некој таен детаљ: робот за надзор, мала лебдеча топка со црвено око. – Алекс С. Мартин